ЧЕТВОРИЦА ВОЗАЧИ ЗАД РЕШЕТКИ - дел возеле без возачка, еден со забрана за возење
Четворица возачи се уапсени во текот на вчерашниот ден поради возење без возачка дозвола или пак поради активна забрана за управување возило и поради управување нерегистрирано возило, објави Министерството за внатрешни работи.
Засилените контроли на МВР резултираа со се поголем број на откриени нерегуларности во сообраќајот, поради што скоро секој ден има информации за уапсени возачи за непочитување на законите.
- Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола.
По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без воачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во Македонски Брод управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави - с енаведува во објавата на МВР.
Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите да придонесат за побезбеден сообраќај.
Слично
