Четворица струмичани украле 160 вреќи со компири од камион на тетовец
Четворица струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско.
Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија попладнево од СВР Струмица.
Од СВР Струмица соопштија дека ги уапсиле Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.
„Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кои ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот“, стои во полициското соопштение.
Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
