Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четворица пратеници од владеачката коалиција гласаа против воведување заменици-директори во јавните претпријатија

Четворица пратеници од владеачката коалиција гласаа против воведување заменици-директори во јавните претпријатија

Ивана Тифегџиќ, Павле Богоевски, Ирена Стефоска и Лилјана Поповска се четворицата пратеници од владеачкото парламентарно мнозинство кое со гласање против не го поддржале донесувањето на измените на Законот за јавни претпријатија со кој се воведуваат заменици-директори во голем дел од нив каде што досега немао таква функција.

Туфегџиќ, Богоевски и Стефоска се пратеници од граѓанскиот сектор, додека Поповска е од коалициониот партнер ДОМ.

Предлогот е поднесен од Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани и се донесе по скратена постапка.со 50 гласови ЗА, осум Против и еден воздржан.


Слично

Поврзани вести