НОВИ ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО: Четворица повредени пренесени во болница во Литванија
Министерството за здравство ја информира јавноста дека четворица повредени од несреќата во Кочани се транспортирани на лекување во Литванија.
По двајца пациенти има во Австрија и Словенија, 12 се пренесени во Србија и еден во Бугарија.
„Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти“, соопштија од МЗ.
Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.
Слично
