Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТВОРИЦА ОХРИЃАНИ ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - прво се тепале во кафана, па ги нападнале полицајците

ЧЕТВОРИЦА ОХРИЃАНИ ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - прво се тепале во кафана, па ги нападнале полицајците

Четири лица од Охрид и околината се упасени и протин нив се поднесени кривични пријави поради инволвираност во насилен инцидент. 
Едниот од уапсените дополнително се терети и за загрозување на безбедноста, а две лица и за напад на службено лице. 

- СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.И.(26) од Охрид, В.М.(42) и Н.М.(38), двајцата од селото Лешани, општина Дебрца и Д.Н.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Против М.И. е поднесена и пријава за сторени кривични дела  „загрозување на сигурноста“ и  „оштетување“, а против В.М. и Н.М. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. 
Пријавените ги сториле кривичните дела на 11.06.2024 во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, каде што го нарушиле јавниот ред и мир со насилничко однесување, ја загрозиле сигурноста на присутните, упатиле закани кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија и оштетиле службено полициско возило - нагласуваат од СВР Охрид во соопштението испратено до јавноста. 
Слично

Поврзани вести