ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ ГО ОСВОИЈА АКОНКАГВА – НА 7.000 МЕТРИ СЕ ВЕЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: „Со многу напор се најдовме горе“
Четворица
Македонци денеска го освоија највисокиот врв на Андите во Аргентина. Клубот I
Love Hiking објави и фотографии на кои се гледа развиореното македонско знаме
на височина од скоро 7000 метри или попрецизно, 6962. Во нашата храбра
експедиција се Филип Христов, Лазе Миновски, Зоран Успрцов и Зоран Николов.

-Нашиот Фичо повторно на некој од крововите на континентите на нашата “Земја”. Овој пат искачен највисокиот врв на Јужна Америка - Аконкагва 6962м, каде за прв пат се вее и нашето клубско знаме, заедно со знамето на Македонија. Во збор два со него, многу експедиции не успеале да стигнат на врвот и многумина се откажале но не и нашите тврдокорни македонци кои утринава стапнаа на врвот Аконкагва! Не биле спречени од “Ветерот” и минусните температури. Со многу напор како што вели тој, се најдовме горе! Честитки до нив и до големиот другар и пријател на клубот Филип Христов! Нека им е наздравје, стои во објавата на I love Hiking.
Погледнете дел од храбриот подвиг: