Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТВОРИЦА АВГАНИСТАНСКИ НОВИНАРИ СЕ СПАСЕНИ: Ќе имаат привремен престој во Македонија

ЧЕТВОРИЦА АВГАНИСТАНСКИ НОВИНАРИ СЕ СПАСЕНИ: Ќе имаат привремен престој во Македонија

Изутрината на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од четворица новинари од Авганистан кои се во опасност од новите тамошни власти. Станува збор за ТВ и радио новинари кои работеле за локални медиуми и дописници за странски медиумски куќи, а по падот на демократската влада, добивале закани по живот од Талибанците.

-Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава по барање на Меѓународната организација на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Со прифаќање на овие авганистански граѓани, земјава ја продолжува активната улога во големата хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан. По слетувањето беше спроведена стандардната процедура - безбедносна проверка, заштита и ПЦР тест. Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од организацијата Новинари за човекови права. Во земјава во моментов престојуваат 534 граѓани на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош, се наведува во владиното соопштение.


Инаку, од Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД. 


Слично

Поврзани вести