Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТВОРИЦА КУМАНОВЦИ НАПАДНАЛЕ И ОГРАБИЛЕ БАБА - уапсените се на возраст од 19 до 21 година

ЧЕТВОРИЦА КУМАНОВЦИ НАПАДНАЛЕ И ОГРАБИЛЕ БАБА - уапсените се на возраст од 19 до 21 година

Уапсени се четири млади лица од Куманово поради напад врз повозрасна жителка на која и ја украле ташната. 

Од МВР соопштуваат дека четворицата напаѓачи се на возраст од 19 до 21 година, а по документирање на случајот, против нив ќе следи соодветна пријава. 

- На 26.02.2023 во 03.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.С.(20), С.С.(20), Н.К.(21) и М.К.(19), сите од Куманово. 

Тие се сомничат дека околу 01.30 часот на улица „Моша Пијаде“ физички ја нападнале С.Т.(72) од Куманово и ѝ ја одзеле чантата. 

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава - пишува МВР во билтенот.

Слично

Поврзани вести