Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четиринаесет пијани малолетници се забавувале во Свети Николе по полноќ: Полицијата спрема пријави, инспекторите нашле низа прекршоци

Четиринаесет пијани малолетници се забавувале во Свети Николе по полноќ: Полицијата спрема пријави, инспекторите нашле низа прекршоци

Полицијата и инспекторатите влегле во угостителски објект во Свети Николе, каде затекнале 26 малолетници, од кои 14 биле пијани.

„На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе. При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол“, соопшти МВР.

Плицијата соопшти дека по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слично

Поврзани вести