Четиримесечно бебе почина во кочанската болница
Четиримесечно бебе од Кочани починало вчера во Кочанската болница. Полицијата соопшти дека родителите го донеле детето околу 15 часот, но во 16 часот и покрај укажаната лекарска помош тоа починало.
Од СВР Штип не ја објавуваат причината за смртта, но на телото е направена обдукција а потоа било предадено на родителите.
Слично
