Четиригодишно дете загина во сообраќајка
Четиригодишно дете од село Матејче загина попладнево во тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце, потврдија од кумановската болница за Канал 5.
До сообраќајката дошло при судар на два автомобили денеска околу 14 часот во близина на бензинската пумпа Лукоил. Детото заедно со своите родители било во едно од возилата. Останатите учесници во сообраќајката поминале со полесни повреди.
Не е познато како дошло до несреќата.
Од Кумановската полиција потврдијле дека се случила сообраќајна несреќа на патот Куманово - Романовце.
фото Канал 5
Слично
