Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТИРИ РАБОТИ КОИ НИОКОГАШ НЕ СМЕЕ ДА СЕ НОСАТ ВО НОВЧАНИКОТ: Експертите предупредуваат на опасности

ЧЕТИРИ РАБОТИ КОИ НИОКОГАШ НЕ СМЕЕ ДА СЕ НОСАТ ВО НОВЧАНИКОТ: Експертите предупредуваат на опасности

Губењето или кражбата на вашиот паричник може да биде прилично фрустрирачка ситуација, а за полесно да се справите со неа, експертите советуваат никогаш да не чувате одредени работи во вашиот паричник, наведува bestlife.

Сметки

Брендон Кинг, основач на Home Security Heroes, вели дека треба да престанеме да ги чуваме сметките во нашите паричници бидејќи преку нив може да се извлечат информации за трансакции, детали за банкарска сметка или навики за купување.

„Вештиот измамник може да ги користи вашите сметки за да се јави во компанијата на вашата кредитна картичка и да добие повеќе информации за вашата сметка“, вели Кинг.

Лозинки

Ова е веројатно очигледно и само-објасниво за многумина, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки, PIN-кодови на картички или аларми во нивните паричници.

- Не правете го тоа, не ја ни запишувајте лозинката на хартија. Чувањето на хартија на вашите лозинки, PIN-кодови или шифра за аларм во вашиот паричник е голем ризик за идентитетот, што му олеснува на крадецот да направи вистинска штета, советува Кинг.

Подобра опција е да користите менаџер за лозинки, бидејќи таквите апликации се многу побезбедни.

Клучеви

Иако изгледа прилично погодно да ги чувате клучевите во вашиот паричник, тоа не е баш безбедна опција, особено затоа што во паричникот чувате и документи со вашата адреса, што им олеснува на крадците да дојдат до вашиот дом.

- Ако ви го снема новчаникот и клучевите се внатре, тогаш треба да ги смените бравите на вратите, па трошокот ќе биде многу поголем - вели Вејн Бехтол, виш даночен сметководител.

Кредитни картички

Ако носите кредитна картичка со вас во вашиот паричник, постои поголема шанса да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале.

Освен тоа, ако носите повеќе картички, готовина и документи со вас, вашиот паричник може да изгледа прилично надуен, што го прави привлечна мета за крадците, пишува Bestlife.

фото: Unsplash/Emil Kalibradov

Слично

Поврзани вести