Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТИРИ НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Тлото продолжи да се тресе по силниот земјотрес на границата на Македонија и Грција

ЧЕТИРИ НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Тлото продолжи да се тресе по силниот земјотрес на границата на Македонија и Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина. Земјотресот се почувствува и во делови од Македонија.

Земјотресот се случил на длабочина од десет километри, а се случил на шест километри северозападно од градот Лерин во грчката област Западна Македонија, објави солунскиот весник „Македонија“.


По тој земјотрес уште четири ја потресоа Грција, објави веб-страницата на Европскиот сеизмолошки институт, со јачина од 3,1 до 4,2 степени.

Засега податоците велат дека има само помали материјални штети, без повредени.

Foto: Printscreen/Tviter/@LastQuake


Слично

Поврзани вести