ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦАТА ВО КУМАНОВО: сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје
Тешка сообраќајна незгода се случила вчера попладенто на автопатот Куманово - Скопје.
Притоа повредни се четири лица, поточно возачите и сопатниците во возилата кои учествувале во сообраќајкта.
- На 18.07.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(22) од Скопје, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од Л.С.(20) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило, М.М.(20) и М.Т.(20), двајцата од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово - се наведува во билтетнот на МВР.
