Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАДРЖАНИ НА РАСПИТ ПО УБИСТВОТО ВО КАВАДАРЦИ: екипите се на терен

ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАДРЖАНИ НА РАСПИТ ПО УБИСТВОТО ВО КАВАДАРЦИ: екипите се на терен

По информациите дека во Кавадарци се случила тепачка и убиство, на терен се полициски екипи, како и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Кавадарци кој врши увид на лице место во казиното каде настанал инцидентот. 

Во тек е прибирање на траги и докази, а првично засега задржани се четири лица. Издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа претпладнево од Јавното обвинителство.

Претходно објавивме дека едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.

- Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот - појасни докторот. 

Слично

Поврзани вести