ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАД РЕШЕТКИ ЗАРАДИ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО - нови случаи во кои син нападнал татко, но и сопруг сопруга
Четири лица се упасени во последното деноноќие поради семејно насилство, а вкупно осум случаи се пријавени во Министерството за внатрешни работи.
Во едниот случај како што објави МВР, млад скопјанец е упасен откако му се заканувал на неговиот татко, но го нападнал и физички.
- На 18.04.2026 во 22:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје во периодот од 2024 година до 18.04.2026 често упатувал закани кон неговиот 62-годишен татко, постојано му вршел психичко и физичко малтретирање, а неколкупати замавнувал ѝ со остар предмет кон него.
Во друг случај исто така во главниот град, жена пријавила дека добивала закани од нејзиниот поранешен сопруг.
- На 18.04.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од скопско пријави дека во периодот од март 2025 година до 18.04.2026, нејзиниот поранешен сопруг П.Г. преку социјална мрежа ѝ упатувал заканувачки пораки кон неа и нејзиното семејство. Според пријавеното, тој претходно ја малтретирал и психички и физички- се појаснува во билтенот.
Во трет случај исто така во Скопје, сопруг ја нападнал сопругата физички, дури ја избркал од домот. Според пријавата, жената и претходно била малтретирана од брачниот партнер.
- На 18.04.2026 во 07:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека околу 04:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(56), кој притоа ѝ упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ја избркал од домот. Таа ѝ претходно била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но досега пријавувала. Подоцна, полициски службеници извршиле службен разговор со пријавениот - се наведува во објавата.
Еден случај на семејно насилство, во кое сопругот ја нападнал сопругата е пријавен и во Охрид, при што сопругот доби и притвор од осум дена.
- На 18.04.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.М.(37) од охридско. Претходниот ден околу 21:00 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а подоцна со остар предмет ѝ се заканувал нејзе и на нивните пријатели Д.П. и К.К.. Против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од осум дена - се појаснува во објавата.
Физички напад пријавил и охриѓанец од неговата сопруга.
- На 18.04.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршиле службен разговор со З.С.(48) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 се заканувала на нејзиниот 47-годишен сопруг, а на 18.04.2026 физички го нападнала на неговото работно место - се појаснува во објавата.
Семејно насилство е пријавено и во Дебар.
- На 18.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Дебар, 47-годишник од Дебар пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син Џ.Н.(21), лице со здравствени проблеми и кој подоцна е пренесен здравствена установа - стои во објавата.
Кичевчанец кој имал забрана да ја контактира сопругата, спротивно на забраната во неколку наврати ја барал сопругата.
- На 18.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(52) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во неколку наврати во текот на денот се јавувал на неговата 48-годишна сопруга и ја вознемирувал неа и нејзината мајка и покрај тоа што од Основен суд Кичево имал забрана да ги контактира двете - објавија од МВР.
Уапсено е и едно лице од Гостивар, кој преку телефон и на социјалните мрежи упатувал закани кон неговата поранешна партнерка.
- На 18.04.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(41) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека преку телефонски повици и социјални мрежи упатувал закани на неговата поранешна 35-годишна партнерка.
Истовремено, неговата сопруга А.М.(40) пријавила дека поранешната партнерка на нејзиниот сопруг на социјална мрежа објавувала содржини со кои ги злоупотребила нејзините лични податоци и упатувала навреди кон нејзиното семејство - се посочува во објавата на МВР.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слично
