Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТИРИ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО - двајца се болнички хоспитализирани

ЧЕТИРИ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО - двајца се болнички хоспитализирани

Четири лица се повредени од вчерашниот пожар во објектот за рециклирање на лектронски отпад на компанијата „Ф“ Групација, информираше портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција.

Двајца од повредените се болнички хоспитализирани, додека две лица се амбулантно, сепак, повеќе детали не сподели.

- Иако на оваа прес-конфернција требаше да биде присутен и министерот за здравство, тој е во посета на четворица повредени од вчерашниот пожар и тој ќе даде изјава во 13:00 часот од Клиниката за токсикологија - посочи Митева.  

Воедно Митева посочи дека нема жители од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука на МВР во Идризово кој беше отстапен за сместување за жителите чии домови се во близина на местото на пожарот. 

На новинарско прашање каде бил вчера премиерот Христијан Мицкоски, Митева одговори дека претседателот на Владата е во постојана комуникација со сите надлежни институции и дека фокусот на Владата е да се санираат инцидентите и да се спречат поголеми штети.

- Институциите беа во комплетна координација и ценам дека надлежните институции кои ја координираат оваа работа е да ги дадат првичните информации. Се разбира, претседателот на Владата беше во постојана комуникација, координација за состојбите, вклулчувајќи ги и градоначалниците, институциите и одговорните компании - додаде Митева. 

Како што веќе е познато во рециклаторниот центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево за отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и секаков електронски отпад, каде вчера по 13.00 часот избувна пожар за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни објекти.  

Пожарот утринава е ставен под целосна контрола по 15 часа.  

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов кажа дека е спречено пожарот да се прошири во погоните каде е складирана отпадна пластика.  


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

ОЈО ЈА „ЧЕШЛА“ ДОКУМЕНТАЦИЈАТА НА КОМПАНИЈАТА - вклучена Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата

ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Е СТАВЕН ПОД ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА - надлежните се уште се на терен

Која е „Ф-Групација“ чии објекти горат во Трубарево: Постои од 1998 година, а еве и каква е нејзината заработка низ годините

„ОТРОВНИТЕ ГАСОВИ МОЖАТ СЕРИОЗНО ДА ГО ЗАГРОЗАТ ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА И БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ“: Д-р Чибишев со предупредување

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести