Четири лица поврзани со упадот во М-НАВ се донесени во Кривичен суд
Четири лица поврзани со упадот во М-НАВ вечерва се донесени во Кривичен суд.
Од Јавното обвинителство информираат дека осомничените се во скопскиот Кривичен суд, но не наведуваат за колку лица станува збор и велат дека се чека каков предлог ќе даде Обвинителството и потоа лицата да бидат изнесени пред судија на претходна постапка.
Четири лица, поврзани со вчерашниот упад во М-НАВ, кога неколку лица и вработен во Навигацијата упаднаа во институцијата и нападнаа друг вработен, вечерва се донесени во Основниот кривичен суд Скопје, потврдуваат за „360 степени“ од Судот.
Осомничените, во Кривичен суд, беа донесени со шест возила.
фото МИА
Слично
