ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКИ: штипјанец избегал откако удрил во мотоцикл
Четири лица завршија во болница откако беа повредени во одделни сообраќајни незогди во земјава. Во сообраќајката во Штип повреден е возач на мотоциклис, а возачот на втомобилот кој удрил во него, избегал од местото на несреќата.
- На 22.06.2024 во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, патничко возило удрило во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од Штип, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот - се наведува во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
Секојденовно билтенот на МВР е полн со извештаи за случени сообрќајки, но и понатаму се вози брзо и невнимателно, па голем број лица завршуваат со тешки повреди.
Во текот на вчерашниот ден, во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Струга, на место викано „Оровничка плажа“, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(35) од Тетово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот Б.В.(32) од Тетово, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Повредена била и сопатничка на моторцикл од Струа.
Имено вчера во 15.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на с.Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(42) и мотоцикл со струшки регистарски ознаки управуван од Р.Н.(28), двајцата од Струга.
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П.(27) од Струга, сопатничка на мотоциклот, додека мотциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга - се наведува во билтено.
Незгода вчера вечерта во 20.10 часот имало и во Битола кога на ул„Охридска“ во Битола, Н.К.(58) од Битола, управувајќи мопед марка „априлија“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.
