Четири лица од нередите во Собрание добија притвор
Четири лица кои беа дел од инцидентите во Собрание на 27 април добија притвор од судија на претходна постапка во Основниот суд Скпје 1 Скопје.
Судот одлучил оваа мерка да трае осум дена со образложение дека по барање на Обвинителството, се работи за скратена постапка и во ваков случај не може да се одреди подолг притвор.
Од вкупно седум лица кои беа приведени од полицијата, на едно лице му е одредена мерка куќен притвор, а на останатите две мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на местото во кое живеат, како и обврска повремено да се јавуваат на овластено службено лице во Судот.
ОЈО побара МВР да приведе 15 лица кои се сомничат дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.
