Четири лица нападнале момче на Бит пазар
Четири непознати лица завчера физички нападнале 17-годишно момче на улицата „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Случајот во Полициската станица Бит-пазар вчера го пријавил таткото на нападнатото момче.
Момчето е нападнато во 20 и 45 часот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ при што непознатите лица го удирале со боксови во пределот на главата.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Слично
