Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири лица истепале девојче од Лозово

Четири лица истепале девојче од Лозово

Четири лица нападнале малолетничка од Лзоово. 

Станува збор за две малолетнички, 19 годишниот Д.Д и 21 годишниот С.Р сите од селото Црнилиште. Во Полициската станица во Свети Николе вчера во 18 часот го пријавил татко на девојчето. 

„47 годишниот Н.С од село Лозово пријавил дека на 15 септември  во периодот од 21.40 до 22.30 часот во неговата куќа во село Лозово, физички била нападната неговата малолетна ќерка од Д.Д и С.Р и две малолетнички, сите од село Црнилиште, светиниколско“, стои во соопштението од СВР-Штип.

За настанот е информиран и Јавен обвинител, по чии насоки времено е одземен мобилен телефон од една малолетничка во кој се пронајдени снимки од кривично правниот настан. Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следи соодветна пријава. 

Слично

Поврзани вести