ЧЕТИРИ КАМИОНИ ЃУБРЕ ОД ВОДНО: Се чистело на летниковецот пред Средно Водно, на паркингот и на патот за Сончев град
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатава недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно, соопшти град Скопје.

Со подобрувањето на временските услови и зголемената посетеност на парк-шумата Водно се зголемува и количеството на отпадоци фрлени од несовесни посетители. Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ собраа четири полни камиони со отпадоци и тоа кај набљудувачницата пред Средно Водно, кривината кон патот за Сончев Град и на малиот паркинг, стои во соопштението.

Апелираат до граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци.
Слично
