Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири избирачки места во Струмица не ги задоволуваат новите стандарди за гласање

Четири избирачки места во Струмица не ги задоволуваат новите стандарди за гласање

Во општина Струмица четири избирачки места не ги задоволуваат новите стандарди за гласање за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Ќе бидат преместени на други локации, бидејќи не ги исполнуваат условите според здравствените протоколи за изборите закажани на 15 јули. Ова го потврди Томислав Андреев, претседател на Општинската изборна комисија.

– Од вкупно 83 избирачки места во општина Струмица само четири не ги исполнуваат условите за гласање по протоколите за заштита од Ковид-19, вели тој. До задутре новите локации за гласање ќе бидат познати и граѓаните навреме ќе бидат информирани каде ќе можат да го остварат своето право на глас. Во Василево, Босилово и Ново Село се гласа на 57 места и сите ги исполнуваат условите за гласање според здравствените протоколи.

Престојните избори кои ќе се одржат на 15 јули ќе значат и нов пристап во гласањето поради епидемијата на коронавирусот, а претседателот на ДИК, Оливер Деркоски вели дека можно е во некои места каде нема услови, граѓаните да гласаат и надвор. Во интервју за Алфа телевизија Деркоски вчера рече дека се уште немаат пртотокол за тоа како ќе изгледа изборниот ден, но веќе имало подготвки во организациска смисла за тоа во какви простории може да се гласа. 

Членови на општинските одбори на ДИК веќе биле во проверка на гласачките места, па Дерковски објасни дека ако на пример се гласа во некое училиште, наместо внатре може да се гласа во спортска сала, таму каде ја има. Можно е да се организира гласањето во ходници или холови. Во некои места, вели тој, поради големината на гласачките места ќе биде сосем невозможно да се испочитуваат мерките за одржување растојание и одржување на свеж возух и проветрување.


Слично

Поврзани вести