Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ ПАРЧИЊА НАРКОТИЧЕН АНАЛГЕТИК ПРЕНЕСУВАЛЕ НЕЛЕГАЛНО - Уапсени двајца прилепчани

ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ ПАРЧИЊА НАРКОТИЧЕН АНАЛГЕТИК ПРЕНЕСУВАЛЕ НЕЛЕГАЛНО - Уапсени двајца прилепчани

Двајца прилепчани се уапсени откако кај нив била пронајдена поголема количина на лекот трамадол. 

Како што информираат од МВР, лицата во текот на вчерашниот ден, при преглед на такси возило на превојот Плетвар утврделе дека во возилот имало дури четири илјади капсули трамадол без соодветна документација. 

- На 11.04.2023 на патот Градско-Прилеп (превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп. При преглед на патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З.Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок - информираат од МВР.

Лекот трамадол спаѓа во групата наркотик аналгетик, во група лекови кои се користат против јаки болки и истиот се издава исклучиво со лекарски рецепт, за што е потребен извештај од доктор специјалист, со точна назнака за што се издава лекот.  Се смета дека лекот за краток период создава голема зависност, а важи и за лек кој се користи од зависници од наркотици, и има голема побарувача за него на „црно“. 

Слично

Поврзани вести