Четири хеликоптери М-17 до сега се срушија во Македонија
Министерството за внатрешни работи потврди дека полициски хеликоптер денес околу 11.30 часот се превртел на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво.
Станува збор за воздухопловолот M-17 на МВР кој од засега непознати причини при полетување паднал. Во него биле пет лица. Според првичните информации едно лице е со лесни телесни повреди, соопштија оттаму. Според информациите на „Фактор“, МВР ќе води интерна истрага за причината што ја предизвикала насреќата.
До сега Македонија во историјата на својата независност доживеа четири хеликоптерски несреќи и во сите случаи станува збор за моделот М-17. На 17 март 2001, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер М-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди.
На 11 јануари 2008 кај Катлановско блаце армискиот хеликоптер М-17 падна, а инцидентот однесе 11 животи. И покрај трите извештаи за несреќата и големата штета предметот сеуште е во фаза на истрага. Нашите мировници беа дел од мисијата „Алтеа“.во кампот Бутмир во близина на Сараево.
Последната хеликоптерската несреќа кај Струмица со истиот тип на воздухоплов се случила на 10 јули 2014 кога околу 22.00 часот хеликоптер на МВР со екипаж од четири лица удри во предавател на Македонска радиотелевизија и се сруши на земјата. Според првичните информации, хеликоптерот се враќал од смена на граничната полиција. Загинаа пилототите Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, кои вршеле ноќен тренажен лет.
