Четири града во Македонија имаат само по еден заболен од коронавирусот
Во земјава девет градови се без заболени, а во четири града има по еден активен случај на коронавирусот.
Според најновиот извештај на Министерството за здравство, по еден има во Валандово, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица. По два активни има во Гевгелија, Дебар, а по три во Велес, Штип, Неготино, Крива Паланка, и Демир Хисар. Веќе трет ден во земјава нема починати од коронавирусот.
За 24 часа имаме 10 заболени од коронавирусот. Во Македонија веќе нема полициски час. Многу од рестриктивните мерки се укинати.
foto freepik
Слично
