Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири града два часа без струја – ќе се приклучуваат ветерниците!

Четири града два часа без струја – ќе се приклучуваат ветерниците!
Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа за електрична енергија, во петок на 21 март од 05:00 до 07:00 часот наутро без електрична енергија ќе бидат населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци, информираат од ЕВН Македонија. Трафостаницата Валандово (110/10 kV) од која со електрична енергија се снабдуваат населените места во овие општини ќе биде во безнапонска состојба за да се овозможи приклучување во мрежата на енергетскиот објект „Парк на ветерни електрани Богданци“. По изведувањето на приклучувањето ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија, додаваат од ЕВН Македонија.    
Слично

Поврзани вести