„ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОД ДЕНОТ КОГА СЕ СУДРИЈА СО РАЦЕТЕ ВО МЕДОТ“: Макрадули за односот меѓу Град Скопје и „Белата палата“
Нема еколошки автобуси, но има загадување за сите. Нема мега парк, но има мега лаги.
Центарот на немоќ и уцена, како се ближат изборите, така кулминира со казнувањето на цело Скопје. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, свесно, намерно, не го чистат градот, создаваат сообраќаен хаос, а негрижата ја оправдуваат барајќи алиби од пред 30 години наназад, додека за нивната неспособност и површност, вината ја бараат во опозицијата.
Казната за сите граѓани, вклучително и за оние кои гласаа за Белата палата, ескалираше до тој степен, што беа финансирани 0 (НУЛА) проекти за решавање на реалните потреби на граѓаните.
Ќе чистеле сега?! Во нивните општини, наместо “прво човек”, “прво змија”; наместо решавање, палење на Вардариште; наместо зелени површини, нови депонии како споменик на нивната немоќ, мислиш дел од Скопје 2014 се.
“Гласајте за Белата палата”, така ќе имате автобуси, ќе се чисти, ќе се сади.
Но навистина, дали тоа е доволна причина за глас? Какви луѓе работат во овие Центри на немоќ?
За жал, повторно, за една дневна надокнада, ботовите ќе пишуваат и ќе ги бранат уште 4 години. Некои, опкружени со зараза од ѓубрето, со дебелината на џебот ќе ја величаат Белата палата.
Реалност во која одлуките се носат за доброто на заедницата, за решенија и справување со предизвиците. Реалност во која храброста да се биде одговорен, искрен, посветен е поголема од стравот да се изгуби функцијата или тековната позиција“, напиша тој.
