„ЧЕТИРИ ГОДИНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ВМРО НЕ НАЈДОА РЕШЕНИЕ ЗА ВАРДАРИШТЕ“: СДСМ за дивата депонија која се уште гори
Ова го посочуваат од опозициската СДСМ во соопштение испратено до медиумите и објавено на социјалните мрежи. Укажуваат дека дивата депонија удира врз здравјето на над 150 илјади граѓани, и дека иако со години градоначалници на ВРМО се на власт, ништо не е направено таа да ги труе жителите на главниот град.
- Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште, извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба.
Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани - напоменуваат од партијата.
Потоа додаваат дека Орце Ѓорѓиевски, наместо решенија ги манипулира скопјани.
- Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани - завршуваат на крајот од соопштението од СДСМ.
