Четири години „Диво Насеље“: Денеска најавен протест
На плоштадот „Скендербег“ денеска во Скопје ќе се одрќи протест по повод одбележувањето на четиригодишнината од настаните во „Диво Насеље“ во Куманово.
Протестот чиј мотив е незџавршениот судски процес ќе се одвива под мотото „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците”. Организатор на овој протест е Здружението на политички затвореници, заедно со Советот на семејства на лица кои се затворени со строги казни, вклучувајќи ја и групата од Диво Насеље.
Како што вели Шпетим Положани, протестот е организиран од Здружението за политички затвореници, заедно со Советот на семејства на лица кои се затворени со строги казни, вклучувајќи ја и групата “Диво Насеље”. Протестот започнува во 13 часот, од плоштадот Скендербег во Скопје и ќе трае до судот.
За настаните во „Диво насеље” од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Случајот подоцна се спои со „Молња” во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље”, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.
