Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири дена жичницата нема да работи

Четири дена жичницата нема да работи

Поради редовно сервисирање жичницата на Водно нема да работи четири дена.

Во период од 13 – 17 јуни 2016 година жичницата нема да биде во функција, информираат од ЈСП.

По извршените контроли на 18 јуни жичницата ќе се активира и ќе биде достапна  за сите корисници.

Сервисот опфаќа менување на масла на редукторот и филтрирање, менување и филтрирање на маслата на системот за кочење и помошниот погон, на системот за затегнување, ќе се менуваат гумените облоги на металните тркала на почетната и последната станица и по столбовите, а ќе се врши и проверка на четкиците на главниот мотор.

Жичницата веќе работи според летното работно време, од 10 до 19,30 часот.

Слично

Поврзани вести