Четири дена пред отворањето на истрагата за „Рекет“, Ременски го сменила телефонот
Пратеничката Фросина Ременски Ташевска имала два телефона, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули, четири дена пред почетокот на истрагата за „Рекет“, дознава „Телма“.
Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.
Слично
