Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири цркви во демирхисарско опустошени од крадци

Четири цркви во демирхисарско опустошени од крадци
Во периодот од 20 до 24 март во четири цркви во демирхисарско непознат сторител извршил три тешки кражба и една кражба, соопшти МВР. 
Во селото Света, во храмот „Св.Пантелејмон“ сторителот со камен го искршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и од бирото за продажба на свеќи одзел 400 денари во разни апоени. 
Потоа, во храмот „Св.Петка“ сторителот со подесен алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од иконите одзел 300 денари во разни апоени. 
Во село Вардино, во црквата „Св.Константин и Елена“ сторителот, низ незаклучената влезна врата, влегол внатре и од иконите одзел околу 500 денари во разни апоени. Потоа со употреба на подесен алат го скршил катанецот на вратата од металната каса и од неа одзел околу 9.000 денари во разни апоени. 
Во село Граиште, во црквата „Св.Маченик Леонтиј“ сторителот, низ незаклучената врата, влегол внатре и од иконите и масата за продажба на свеќи одзел околу 500 денари во разни апоени. 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот/ите и за целосно расчистување на случаите.
Слично

Поврзани вести