ЧЕТИРИ ЧАСА ДО ГРАНИЦА: Затворен патот Приштина - Скопје
Повторно e затворен патот Приштина-Скопје, има долги колони и се чека до четири часа за да се стаса до граница.
Патот од Приштина до границата со Македонија, на делницата Качаник-Генерал Јанковиќ, денеска повторно е затворен за сообраќај поради градежни работи на последната траса од автопатот „Арбен Џафери”, што предизвика долги колони од возила на патот кој води до границата со Македонија кај Блаце, информираат косовските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, патот се отвора само еден час во текот на денот, а се користи алтернативен пат, кој поминува низ крајпатни села, а за чие поминување со патнички и товарни возила се потребни и до четири часа.
Слично
