Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТИРИ БОЛНИЦИ ДОБИЈА НОВА ОПРЕМА ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ДОЛАРИ - се зајакнува грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти

ЧЕТИРИ БОЛНИЦИ ДОБИЈА НОВА ОПРЕМА ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ДОЛАРИ - се зајакнува грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти

Обезбедена е медицинска опрема за четири регионални болници во вкупна вредност од половина милион американски долари, а дел од опремата поставена во болницата во Гостивар денеска беше презентирана пред раководтвото и медиумите. 

Имено, во Општата болница во Гостивар беше организиран настан по повод обезбедената медицинска опрема за четири регионални болници, опрема којашто како што нагласуваат надлежните има конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти во регионалните болници. 

- Во партнерство со Проект ХОПЕ, преку проектот Перимак, обезбедена е современа медицинска опрема во вкупна вредност од околу половина милион американски долари, наменета за четири регионални болници – Гостивар, Велес, Струмица и Струга. 

Само за Општата болница во Гостивар вредноста на опремата изнесува околу 130 илјади американски долари - изјави министерот за здравство Азир Алиу во рамки на посетата на Општата болница Гостивар.


Тој посочи дека станува збор за ехо апарати, инкубатори, вормери, монитори за пациенти и новороденчиња, ЦТГ апарати, инфузиони пумпи, родилни кревети, апаратура за фототерапија и друга медицинска опрема, обезбедена како резултат на долгорочното партнерство во проектот Перимак. 

Во рамки на оваа соработка досега е обезбедена медицинска опрема во вредност над 3,5 милиони американски долари и се обучени повеќе од 1.000 здравствени работници.

- Како Министерство за здравство, нашата определба е регионалните болници да бидат силни, функционални и добро опремени. Затоа, секоја ваква поддршка ја гледаме како дел од пошироката политика за подостапно и поквалитетно здравство во целата држава - додаде министерот Алиу кој упати благодарност до Проект ХОПЕ за континуираната поддршка.

Слично

Поврзани вести