Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА - изгаснати се исто толку, горат шуми, ниска вегетација и диви депонии

ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА - изгаснати се исто толку, горат шуми, ниска вегетација и диви депонии

И денеска гори на повеќе локации во земајва, односно има активни неколку пожари на отворен простор. 
Како што информираа од Центарот за управување со кризи, до 13 часот денеска имало вкупно 8 пожари на отворено, од кои половина се изгаснати, но остануваат и понатаму активни 4 пожари каде се гасне. 
На територијата на државата се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои: активни се 4 пожари:

- Општина Прилеп, с. Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума

- Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки

- Општина Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел)

- Опш. Велес – пожар во ниска вегетација.

Во меѓувреме изгаснати се пожарите во општина Врапчиште, с. Врањовци – каде гори ниска вегетација и ѓубриште, потоа општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште. Изгасант е и пожарот во општина Карбинци, с. Радање – каде се запалила површина посеана со жито и ниска вегетација, и последниот изгасант пожар е во општина Арачиново, с. Орланци каде гореше ниска вегетација и отпаден материјал.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести