ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ И ТРИ ПОД КОНРОЛА: ДЗС со нов пресек
На ден 19.07.2025 година до 19:30 часот, има вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола и 18 се изгаснати, соопштува Дирекцијата за заштита и спасување.
Активни се пожарите во:
1. Oпштина Василево : с.Нивичино (нискостеблеста шума);
2. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
3. Општина Прилеп : помеѓу селата Царевиќ и Смолани(мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
Под контрола се пожарите во:
1. Општина Тетово: Фалише ( ниска вегетација).
2. Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, (мешана нискостеблеста деградирана шума);
3. Општина Желино: (шумски пожар)
Изгаснати се 18 пожари.
