Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ: Малкумина во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи како апостоли, такви се солунските браќа

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ: Малкумина во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи како апостоли, такви се солунските браќа

Политичарите го честитаат 24 Мај- Денот на сесловенските просветители. 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, порача дека нивното дело претставува темел на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот народ.

„Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа. Такви се солунските браќа“, порача претседателката. 

Таа истакна дека Кирил и Методиј се творци на глаголицата, просветители и описменувачи на словенските народи, додавајќи дека нивното дело и денес има силна обединувачка моќ и претставува заедничко цивилизациско наследство.

„Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот“, наведува Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и носител на колективната меморија, вредностите и чувството на припадност на еден народ.

„Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност што еден народ ги пренесува низ времето“, истакна претседателката.

Во пораката, Сиљановска-Давкова оцени дека денешното време на поделби и отуѓеност е потсетник дека без култура, образование, наука и вредносен систем не може да се изгради доверба и заедништво во едно општество.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, порача дека нивната мисија има непроценлива улога во создавањето на словенската писменост и во развојот на македонскиот јазик и духовност.

„Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост“, напиша Филипче. 

Тој истакна дека Охрид е еден од најзначајните центри на словенската писменост и потсети дека преку нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, била создадена кирилицата.

„Со создавањето на глаголицата, а потоа и преку продолжувањето на нивната мисија од страна на нивните следбеници, е создадена кирилицата, која е основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо“, наведе Филипче.

Тој порача дека, како што рече, никој не може да го загрози македонскиот јазик и идентитет. 

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Во криптата на базиликата Сан Клементе во Рим пред вечното почивалиште на словенскиот просветител Свети Кирил, одекна молитва на македонски јазик. 

Слично

Поврзани вести