Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕСТИТКА ОД ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ: „Денеска ги празнуваме двата Илиндена, темелници на македонската државност“

ЧЕСТИТКА ОД ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ: „Денеска ги празнуваме двата Илиндена, темелници на македонската државност“

Премиерот, Димитар Ковачевски упати честитка по повод големиот државен празник 2 Август - Ден на Републиката, што годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“ и Денот кога пред 79 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност.

 „Нека ни е честит и вековит Илинден-Денот на Републиката! Денеска ги празнуваме двата Илиндена, темелници на македонската државност, јазик и култура. 

Го чествуваме нашето славно минато, свртени кон посветла иднина!

Денешниот историски ден да го славиме сите заедно, обединети со иста верба во нашата просперитетна иднина! Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас!“, порача тој во честитката по повод големиот празник Илинден.

 „Вечна благодарност на нашите илинденци и асномци, чија борба за слободна, независна, демократска, прогресивна македонска држава и мултикултурно општество, денес е наш аманет и патоказ по европскиот пат. 

Нека ни е честит Илинден - Огниште на татковината!“, се вели во фејсбук објавата на премиерот Димитар Ковачевски.


Слично

Поврзани вести