Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕСТИТКА ОД КЕЈТ БРНС: Ви посакувам среќни празници и напредна година

ЧЕСТИТКА ОД КЕЈТ БРНС: Ви посакувам среќни празници и напредна година

Вашата земја седна рамноправно на масата на НАТО самитот во Лондон, со што се остварија долгогодишните аспирации за членство во Алијансата, стои во честитката на американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс. 

Додава дека тоа е  заокружување на процесот што почна со потпишувањето на договорот за пристапување во НАТО во февруари. 

„Продолжува процесот на продлабочување и на билатералните односи. Во јуни бевте домаќини на најголемата воена вежба во историјата ,,Повратен удар”, во кои ја учествуваа единици од тука, од САД, Албанија, Бугарија, Литванија  и Црна Гора. На почетокот на октомври, нашиот државен секртетар го посети Охрид, каде ја искажа поддршката кон Северна Македонија и се сретна со претседателот, премиерот и други претставници на власта. Како што наближуваше годината кон крај, имавте можност за соработка со вашите соседи, вашата економија се зацврстува и расте, со реални изгледи за натамошен регионален напредок.  Северна Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за почеток на преговорите за членство со ЕУ, со имплементирање на реформите, неопходни за процесот кој ќе го помогне напредокот и растот на земјата. Странските инвеститори и натаму будно ја следат вашата земја кога пројавуваат интерес за регионот, како и годишното рангирање на Светска банка. Дури и туристичкиот водич ,,Travell Guide”им  ја препорача на Американците и на другите светски патници да ја откријат убавината и културното наследство на трето место на светот меѓу топ дестинациите за 2020. Знам дека сериозни предизвици остануваат и има уште многу да се направи, но правецот е позитивен и ветувачки и со надеж и оптимизам ви посакувам Среќни празници и напредна година, во која  нашето партнерство ќе продоли да се развива", вели амбасадорката на САД во новогодишната честитка.

Слично

Поврзани вести