Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЧЕСНО ВЕ ПОДДРЖАВМЕ И ПЛАТИВМЕ ОГРОМНА ЦЕНА“: Мемов од ЗНАМ со остра порака кон Вреди 'ептен голема грешка'

„ЧЕСНО ВЕ ПОДДРЖАВМЕ И ПЛАТИВМЕ ОГРОМНА ЦЕНА“: Мемов од ЗНАМ со остра порака кон Вреди 'ептен голема грешка'

Потпаролот на партијата ЗНАМ, а воедно и директор на ПИОМ, Никола Мемов, преку социјалните мрежи сподели критика кон коалициониот партнер Вреди - Влен. 

Тој преку Фејсбук упати критика кон Вреди, обвинувајќи ги дека ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски.   

- Вреди го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка… ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме! – напиша Мемов воедно споделувајќи и виедо од премиерот. 

Објавата на Мемов доаѓа по завршувањето на локалните избори, во време кога се анализираат односите меѓу коалициските партнери и поддршките што се дадоа во клучните градови, особено во Скопје.

Еве ја објавата на Мемов:



Слично

Поврзани вести