„ЧЕСНИ ДРУГАРИ ОД СДСМ, ВРАТИТЕ ВО ЛЕВИЦА ВИ СЕ ОТВОРЕНИ, ДА СЕ БОРИМЕ ЗА РАБОТНИЦИТЕ“ - еве што порачаа од Црвена младина
Црвена Младина, која е официјалното младинско движење на политичката партија Левица, изведе герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
Тоа го објавија и на својот официјален фејсбук профил.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ.
Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица.
Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и сите угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода. Социјализам или варварство!“, навеле од Црвена младина во својот пост на социјалната мрежа фејсбук.
Слично
