Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешко седумчлено семејство на одмор го посети и Шуто Оризари: Првиот фотографиран ни се закани со тупаница

Чешко седумчлено семејство на одмор го посети и Шуто Оризари: Првиот фотографиран ни се закани со тупаница

Фото: Иднес.цз

Ана Хашкова од Чешка која со своето седмчлено семејство, во кое имало и двајца тинејџери и три малолетни деца, летово решило за време на летниот одмор да направи балканска тура во Србија, Албанија и на крајот во Македонија, каде што меѓудругото агендата вклучувала и посета на уникатната општина Шуто Оризари.

„По посетата на Охридското Езеро и Скопје, македонска метропола полна со монументални статуи (а воедно и првиот град каде што видовме книжарници на улица по три недели на Балканот), отидовме во Шуто Оризари да се збогуваме со Балканот.

Зарем тоа не ви кажува ништо? Можеби подобро го знаете ова место како Шутка. Тоа е предградие на Скопје и повеќето од жителите на релативно затворената заедница се Роми. Според тоа, планот беше внимателно возење низ соседството, сликање незабележително и брзо исчезнување. Но, тоа воопшто не успеа. Првиот фотографиран ни се закани со тупаница, но вториот веќе сакаше да разговара, и кога дозна дека семејно патуваме со нашиот автомобил, бевме поканети да го посетиме“, пишува Хашкова за најпознатиот чешки информативен портал Иднес.цз.

Чесите од локалните жители биле почестени со кафе а им било и понудено да преспијат кај нив, но семејството на Хашкова одбило. Таа вели дека при поздравувањето нивните домаќини им го наполниле автомобилот со подароци за по пат, меѓу кои имало и пиперки и други вид на зеленчук и овошје.

„И не се работи само за споменатата ракија и ајвар. Зедовме малку повеќе храброст од локалното население да ги направиме работите на наш начин и да започнеме спонтани авантури“, додава Хашкова.

Слично

Поврзани вести