Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешка ја порази Македонија, изгубивме шанса за пласман во полуфинале

Чешка ја порази Македонија, изгубивме шанса за пласман во полуфинале

Македонија во Вараждин вечерва загуби од Чешка со 25:24 и ги загуби сите шанси за пласман во полуфиналето. 

На почетокот од мечот, Македонија водеше со 5 гола разлика, но во текот на натпреварот оваа разлика се стопи. 

Кире Лазаров не реализираше еден пенал, а Чешка даде гол пред крајот за 25:24, Македонија имаше голема шанса да дојде до израмнување и да остане во игра за полуфинале, Манасков имаше пенал по истекот на натпреварот, но не успеа да реализира. 

Најефикасен беше Талески со пет постигнати голови, Велковски, Стоилов и Миркуловски постигнаа по четири. Борко Ристовски имаше 11 интервенции.

Утре ни останува натпреварот со Данска од кој имаме шанса да стигнеме само до третата позиција во групата.

Слично

Поврзани вести