Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чепреганов ќе гласа „За“ в недела

Чепреганов ќе гласа „За“ в недела

Прославениот невропсихијатар професор д-р Методи Чепреганов во разговор за Слободен Печат вели дека ќе гласа „за” на референдумот в недела.

– Да барате идеалност и некоја состојба во која само вие ќе добиете, не е возможно. Патот и иднината на Македонија е Европа. Јас ја познавам Европа. Нема друг излез за оваа мала и убава земја освен излезот кон Европа. Со двете раце ќе потпишам дека треба ова да успее и да одиме напред. Советувам на секој лидер кој сее омраза, злоба, суета и инает во оваа земја, да ја прочита книгата „Анатомија на човечката деструктивност”. Конфучие, кој јас многу го сакам и почитувам, вели вака: „Само големите птици летаат сами. Малите летаат во јато“. Значи ние треба да седнеме на европската трпеза. Тоа не е кршење на кичма, тоа е усогласување со едни норми кои се веќе усогласени цивилизациски. И вториот афоризам кој е многу битен вели дека големата риба ја јаде малечката кога и да посака. Мислете како сакате, но ние сме мала риба. Секоја друга идеја и мисла е параноична и мегаломанска - вели Чепреганов.

Повикувајќи се на филозофијата на Конфучие, вели дека минатото не смее да и го попречува патот на подобрата иднина.


Слично

Поврзани вести