Ченто се покаја и побара прошка
Јане Ченто кој во моментов е во притвор во затворот во Шутка се извинува за инцидентот кој се случи на 18 јануари.
Тој до Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари испратил писмо во кое ја признава грешката и вината но и бара прошка за грешката.
Лично ја прифатил одговорноста за постапката, која како што наведува во писмото, била резултат на неговото погрешно однесување и нуди извинување.
Управата ќе го разгледа барањето па ќе одлучи дали притвореникот ќе биде вратен во собата во која бил сместен пред да го предизвика инцидентот.
Слично
