Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чекор поблиску до референдум за рудникот Иловица

Чекор поблиску до референдум за рудникот Иловица

Граѓанската иницијатива „Спас за струмичката котлина – Стоп за рудникот Иловица“ ги собра потребните сто потписи за валидизација на иницијативата за распишување референдум. Членовите на иницијативата ги доставија собраните потписи, кои полнолетните жители на Босилово и Ново Село ги депонираа во канцеларијата на Државната изборна комисија во Струмица, во општинките служби.

- И на двете средби дојдовме до начелна согласност дека граѓаните треба да добијат шанса да го искажат својот став во врска со рудникот. Ја користиме можноста да ја поздравиме отвореноста и позитивниот пристап на првите луѓе на двете општини, како и нивното разбирање за надполитичкиот карактер на нашата Иницијатива.

Со Општина Босилово е договорено за во четврток, 20.07.2017 година, Советот на општината да одржи седница на која на дневен ред ќе биде ставена точката за иницијативата за референдум. На седницата ќе биде овозможено да се обратат и членови на нашата граѓанска иницијатива. Во Општина Ново Село во тек е усогласување на законските регулативи во врска со карактерот на седницата. За датумот на заседавање на Советот на Општина Ново Село, дополнително ќе ве известиме.

Сакаме да нагласиме дека ја разбираме ситуацијата во која се доведени локалните самоуправи во врска со рудниците во Југоисточна Македонија и дека сме отворени и подготвени на соработка во насока на заедничко решавање на проблемот во интерес на граѓаните на струмичките општини, што е основна цел и задача и на локалните самоуправи и на нашата Иницијатива, соопштија од Здрава котлина.

Граѓанските иницијативи очекуваат референдумски да се изјаснат за изградбата на рудникот за злато Иловица-Штука како и за потенцијалните нови рудници на нивна територија во струмичкиот крај.


Слично

Поврзани вести