Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕКАЈЌИ ГО ГОДО: Македонија четири месеци без Влада и претседател на Парламентот-пратениците црвсти на својот став

ЧЕКАЈЌИ ГО ГОДО: Македонија четири месеци без Влада и претседател на Парламентот-пратениците црвсти на својот став

После празничната велигденска пауза пратениците на Парламентот се вратија во собраниските клупи продолжувајќи ја конститутивната седница на која треба да се избере претседател на парламентот и членови на Комисијата за избори и именување.

И вчера партиите останаа длабоко вкоренети на своите позиции, и додека ВМРО ДПМНЕ бара нови вонредни парламентарни избори и отфрлување на таканаречената тиранска платформа, опозицијата бара деблокирање на парламентот и мирно предавање на власта.

Повторно најмала расправа имаше за дневнот ред, а најмногу за платформата, а пратеникот од Алијансата за Албанците Зијадин Села ги обвини колегите од ВМРО ДПМНЕ дека се грижат само за милијардите кои ги украле.

Контра реплика Села доби од Панчо Минов кој од собраниската говорница му рече на Села да оди да се потстриже.

„Села, одамна ти го збирам, што викаме ние, во име на моите кавадарчани и од мое лично име да те прашам, дали тоа што ти паѓа косата на очите те прави да бидеш многу умен, како што си убав? И не престануваш постојано да негираш по национална линија, национални провокации, вреѓање на народ, вреѓање на држава, вреѓање на нас, пратениците. Ти си само еден, како и јас што сум. Не можеш ти како еден пратеник да ја кроиш судбината на Македонија. И затоа те советувам, земи уредно потстрижи се човеку, да не ти паѓа косата на очите“ – му порача Минов, по што беше предупреден да биде коректен во својот говор.

Пратениците од СДСМ повторно ги обвинија колегите од ВМРО ДПМНЕ дека намерно ја блокираат работата на парламентот, и дека единствена причина за тоа е да ги соочуваат своите сакани позиции.

Македонија веќе четири месеци од вонредните парламентарни избори нема нова влада, нема претседател на Собранието, а на градоначалниците и претседатели на општините мандатот им истече, бидејќи локалните избори немаше кој да ги распише.

Слично

Поврзани вести