ЧЕКАЈЌИ ГИ ВАРВАРИТЕ - Дипломатско возило на тротоар, каков сигнал испраќаат?
Една фотографија, илјада зборови. Поговорката кажува се.
На социјалните мрежи на широко се шерува фотографија од дипломатско возило паркирано на тротоар, и може да се забележи колку очигледно го блокира пристапот до безбедноста за пешаците, особено за најмалите кои се и најзагрозени во сообраќајот.
Фотографијата на својот профил ја сподели и пратеникот и професор Димитар Апасиев кој напиша:
„Чекајќи ги ВАРВАРИТЕ“
Сликата е поставена на Фејсбук страната „Аеродромци“ со коментар насочен кон фактот дека на тротоарите е паркирано дипломатско возило:
- Дипломатски правила на паркирање
И тоа CD највисок дипломатски кор! - стои во нивната објава.
Но, сликата на големо се споделува и на другите социјални мрежи, а граѓаните се особено револтирани што тротоарот го блокираат токму преставници на дипломатите кои постојано ја укоруваат нашата земја за разни грешки, но и кои треба да бидат пример за почитување на учесниците во сообраќајот, а не да ги следат постапките на локалните „непочитувачи“.
Објавата предизвика бројни коментари, меѓу кои имаше и такви да се преземат мерки од самите граѓани, бидејќи полицијата не ги казнува ваквите возачи, како и такви кои со шеги го коментираат неправилното паркирање.

